Регион 26. ноември 2019. / 11:26

Грабар-Китаровиќ го разреши командантот на воздухопловството

Грабар-Китаровиќ го разреши командантот на воздухопловството

Претседателата на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, го разреши командантот на хрватското воено воздухопловство, бригадниот генерал Мато Микиќ, по случајот со шверц на оружје во задарската воздушна база Земуник.

Сменет и командантот на таа база, бригадир Марио Плеша.

Аферата избувна во хрватската јавност откако телевизијата „Нова“ откри дека воените пилоти прошверцувале и со хеликоптер превезле маж, осомничен за трговија со муниција.

Според Хина, Кабинетот на претседателката не сакал да одговори на прашањето за нејзините потези, но информираа дека за утре е предвидена прес-конференција на таа тема.

Вицепремиерот и министер за одбрана Дамир Крстичевиќ во петокот во Земуник изјави дека невојничкото однесување треба да биде санкционирано.