Хрватскиот и југословенски актер Иво Грегуревиќ, најпознат по улогата во филмот „Чаруга“ почина на 67-годишна возраст.
Глумел во филмовите „Осудени“, „Живот со чичко ми“, како и во серијата „Врело место“.
Како што соопштуваат медиумите легендарниот актер е пронајден мртов во вечерните часови во неговиот стан. Причината за смртта се уште не е позната.
Синоќа беше соопштено дека починал и легендарниот актер Марко Николиќ.
Актерот Марко Николиќ почина во 73. година од животот, информираат српските медиуми, а информацијата ја потврдила и неговата ќерка на социјалните мрежи.
Марко Николиќ е роден во Краљево на 20 октомври 1946 година.
Дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Член е на Народниот театар од 1970 година. Зад себе остави огромна филмографска листа со повеќе од 50 улоги.
Телевизиската слава ја стекна со главната улога во култната ТВ серија „Бољи живот“ каде го глумеше Драгиша Попадиќ – Гига, (1987, 1990).