Голема акција за борба против дрога била реализирана во средата попладне, на грчко-турската граница на пристаништето во Лескос.
Според грчките медиуми, како што пренесува ВизионПлус, два моторни чамци со дрога се обиделе да влезат во Турција, но биле забележани од крајбрежната стража. Моторните чамци првично успеале да побегнат но биле идентификувани од грчката крајбрежна стража, од каде 10 бродови од морнарицата со помош на хеликоптери и на Фронтекс тргнале во потера.
Веднаш потоа бил неутрализиран еден од чамците, кој бил погоден од снајперисти кои се наоѓале во хеликоптерот. Во текот на оваа акција се информира дека биле уапсени три лица, двајца Албанци и еден Италијанец.
Грчките медиуми исто така информираат дека постојат сомнежи оти дрогата пристигнувала од Албанија.Во врска со ова операција реагираше и албанската полиција, која веста на грчките медиуми ја нарече невистинита, бидејќи нема никаков податок дека моторните чамци тргнале од Албанија.
Тројцата приведени се однесени во полицијата во Митилини. Во меѓувреме, продолжува потрагата по вториот моторен чамец. Според извори од грчките медиуми, пренесува Балканвеб, има уште три лица во бродот по кој се трага.
„Катимерини”, пак, денеска пишува дека „постојат сомнежи за група на шверцери кои носат хашиш во Турција и ја разменуваат со хероин“.
Дирекцијата за борба против наркотици во грчката полиција имаше информации за два бродови, кои требаше да тргнат од Албанија за да донесат хашиш во Турција каде што би го земале хероинот. Се сомнева дека од запленетиот чамец во морето е фрлен хероинот бидејќи хашишот успеале да го растоварат во турскиот брег , пренесуваат грчките медиуми.