Регион 26. април 2018. / 20:22

Го запрела полиција поради зборување на телефон – на Ненад му се заканува 48 години затворска казна

Го запрела полиција поради зборување на телефон – на Ненад му се заканува 48 години затворска казна

Белграѓанецот Ненад Стелјиќ (30) ја шокирал американската полиција која го запрела во Колорадо поради користење на телефон додека возел, кога им понудил 63 килограми марихуана.

Имено, Стелјиќ кој инаку живее во Чикаго, го запрела полиција во петокот кога забележале дека пишува пораки додека вози. Полицаецот кој го запрел напишал во извештајот дека од автомобилот почувствувал исклучтелно силен мири на свежа марихуана и озвежувач на воздухот.

На прашањето колку марихуана има кај себе, Стелјиќ одговорил дека нема ништо, но кога полицаецот го предупредил за мирисот, тој се извинил и рекол дека „предмалку пушел џоинт“.

Екипата на полицијата го претресла автомобилот и пронашла 6 големи црни кеси кои биле полни со мархуана, со вкупна тежина од 63 килограми.

Стелјиќ признал дека ја одгледува билката во Сан Франциско и прашал дали разговорт се снима.

„Зошто не исклучите? Ќе ви дадам неколку килограми ако ме пуштите“, рекол Стелјиќ.

На ова момче сега му се закануваат 32 години затворска казна, а доколку го осудат за подмитување може да добие помеѓу 4 и 16 години затвор.