Регион 15. ноември 2018. / 09:21

Гласањето на избори нема да биде тајно во Венецуела – се воведува електронски систем

Гласањето на избори нема да биде тајно во Венецуела – се воведува електронски систем

Кога пред десет години делегација на Венецуела предводена од Хуго Чавез била во Кина, виделе дека електронскиот систем на лични документи може да послужи и за следење на граѓаните, финансиските трансакции, како гласаат и здравствената состојба.

При посетата еден од членовите на делегацијата, Антони Дакин рекол дека овој систем на електронска идентификација повеќе ќе и користи на власта отколку на граѓаните, по што бил затворен и измачуван. Сега, по десет години од посетата, Венецуела пак се враќа на системот. Со ‘carnet de la patria’ граѓаните ќе може да имаат пристап кон социјалните и здравствените програми, како и за субвенционирана храна. Кинеската компанија ЗТЕ е носител на проектот, со кој милиони Венецуелци ќе бидат идентификувани и следени нивните навики.

За заштитиниците на човековите права, станува збор за уцена, бидејќи луѓето за да добијат социјална помош, ќе треба да си ги стават на располагање сите податоци за себе вклучително и начинот на гласање и политичката припадност, која лесно се следи преку овие картички за идентификација.

На нив освен личните податоци, ќе бидат наведени и вработувањето и висината на платата, имотот во лична сопственост, историја на болести, социјална помош, членување во политичка партија, гласачки активности и активност на социјалните мрежи.

Венецуела последните години се соочува со милионска инфлација, невидена сиромаштија и илјадници луѓе, кои секојдневно ја напуштаат земјата со цел да преживеат.