Регион 01. декември 2019. / 08:30

Ѓукановиќ старо нов лидер на црногорската владеачка Демократска партија на социјалистите

Ѓукановиќ старо нов лидер на црногорската владеачка Демократска партија на социјалистите

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ одново е избран за претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Конгрес на партијата одржан во Подгорица.

Тој е најдолготрајниот политичар на Балканот и во Црна Гора кој е на власт цели 28 години уште од времето на СФРЈ.

– Нема колебање дека нашиот основен курс е европеизација на државата, порача Ѓукановиќ кој истакна дека конгресот е домонстрација на силата и единство на партијата.

Делегатите за заменик претседател на ДПС го избраа Душко Марковиќ, кој и досега ја обавуваше оваа функција.