Регион 16. јуни 2020. / 22:45

Ѓукановиќ: СПЦ настапува како политички субјект, затоа ќе ги победиме на избори

Ѓукановиќ: СПЦ настапува како политички субјект, затоа ќе ги победиме на избори

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја обвини Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора дека нејзината цел не е промената на спорните членови од Законот за слобода на вероисповед, туку промена на власта на претстојните парламентарни избори.

Со тоа би сакале да ги исполнат и другите свои желби. Мислам дека не избраа паметно. Попаметно би било да го остават прашањето за односот помеѓу државата и црквата надвор од дневната политика – изјави црногорскиот претседател на прес-конференција во Подгорица.

Ѓукановиќ истакна дека СПЦ одлучила да разговара од позиција на политички субјект.

СПЦ ги симна ракавиците и одлучи да разговара од позиција на политички субјект, наведувајќи ги верниците за кого да гласаат, манипулирајќи со верските чувства на луѓето. Целта на СПЦ е промена на власта во Црна Гора. Но, Демократската партија на социјалистите има јасна задача, а тоа е да ја победи СПЦ на изборите. Сите се лажат дека литиите можат да ги загрозат темелните вредности на нашето друштво – рекол Ѓукановиќ.