Регион

Ѓукановиќ повторно претседател на Црна Гора

Ѓукановиќ повторно претседател на Црна Гора

Кандидатот на Демокртаската партија на социјалистите на претседателските избори во Црна Гора Мило Ѓукановиќ синоќа прогласи победа, оценувајќи дека Црна Гора избрала европски пат.

Тој во неговиот изборен штаб изјави дека била остварена уште една вредна победа на европската политика во Црна Гора. Ѓукановиќ освои 54 насто од гласовите во трката со другите шест претседателски кандидати.