Црна Гора нема да го повлече законот за слобода на вероисповед, порача претседателот на земјата Мило Ѓукановиќ и истакна дека масовните протести заради овој закон не може да ја загрозат власта, ниту политиката која власта ја води.
Да сметавме дека тој закон треба да биде повлечен, сигурно немаше да го донесеме. Сите аргументи кои ги слушнавме против овој закон, ги слушнавме и во претходните четири години, рече Ѓукановиќ во интервју за Танјуг.
Тој напомена дека ова е важен период за еманципација на Црна Гора во која треба да се направат сите институционални претпоставки за понатамошен државен и духовен развој на црногорското друштво, дури и обнова на автокефалноста на Црногорската православна црква.
Со овој закон, смета Ѓукановиќ, легитимирана е намерата на државата да го одземе имотот на СПЦ во Црна Гора.
– Станува збор за брутална измислица и замена на тезите, рече Ѓукановиќ и наведе дека имотот на СПЦ впрочем е имот на државата Црна Гора, а дека е узурпиран во периодот од 1986 до 2000 година.