Регион 18. декември 2019. / 10:08

Ѓукановиќ негира дека државата ќе одзема имот на СПЦ

Ѓукановиќ негира дека државата ќе одзема имот на СПЦ

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, изјави дека законот за слобода на религијата не се занимава со Црногорската православна црква (ЦПЦ), иако идејата за нејзино обновување има историска основа.

Црногорскиот претседател потенцира дека нацрт-законот за слобода на религијата нема да биде повлечен од дневниот ред и дека тој и Владата имаат апсолутен легитимитет да го разгледаат тоа прашање.

Ѓукановиќ посочи дека тој не го предложил тој предлог-закон и затоа нема да го повлече, како што му сугерира опозицијата.

– Тоа прашање е на дневен ред, не на мој предлог, и затоа не може да биде ниту повлечено со моја волја, како што ми се сугерира – изјави Ѓукановиќ во Собранието на Црна Гора.

Ѓукановиќ истакна дека со предложениот закон правно се регулира статусот на верските заедници и предупреди дека била објавена апсолутна лага дека се одзема имотот на Српската православна црква (СПЦ) стекнат до 1918 година.