Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ порача дека нема намера да поднесе оставка по обвинувањата на бизнисменот Душко Кнежевиќ, оценувајќи дека Кнежевиќ е недостоен противник, лажго и измамник, кого го искористиле оние кои сакаат да ја променат власта во земјата, пренесе РТЦГ.
Ѓукановиќ смета дека аферата „Атлас“ има две цели, првата е избеганиот тајкун да се заштити од евидентни кривични одговорности.
-Се обиде да се заштити на различни адреси, па и кај мене, но му одговорив дека не можам да му помогнам- рекол црногорскиот претседател.
Другата и важна цел, според него, е обидот да се стави аферата во функција на вознемирување на јавноста и предизвикување улични протести, односно смена на власта.
Тој порача дека нема намера да поднесе оставка, како што истакна, не зошто е властољубив, туку дека се работи за континуитет на борбата за вредности.