Регион 27. ноември 2018. / 11:37

Ѓукановиќ: Црна Гора ќе биде следна членка на Европската унија

Ѓукановиќ: Црна Гора ќе биде следна членка на Европската унија

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, изјави дека таа земја ќе биде следна членка на Европската унија.

Тој го кажа тоа при посетата на велика Британија, каде одржа предавање на Оксфордската унија, пренесе порталот RTCG.

Обраќајќи им се на студентите рече дека единствено обединета Европа, е стабилна Европа, а дека Црна Гора ќе биде прва следна членка на ЕУ.

Тој истакна дека неговата земја не е оптоварена со рокови кога треба да стане членка на ЕУ, затоа што за граѓаните ќе обезбедат европски стандарди.

КОментирајќи ги односите на Црна Гора и Русија, Ѓукановиќ рече дека покрај дипломатската традиција и пријателстовот долго неколку века, заради судирот на глобална сцена се изгубила можноста за балансирање на Црна Гора меѓу традиционалното пријателство и одлучноста да се живее во новиот вредносен концепт.