Регион 23. јануари 2021. / 12:13

Ѓукановиќ без конкуренција поддржан за нов лидер на ДПС во Црна Гора

Ѓукановиќ без конкуренција поддржан за нов лидер на ДПС во Црна Гора

Во пресрет на деветтиот Конгрес кој треба да се одржи утре, претседателството на Демократската партија на социјалисите на Црна Гора, едногласно го предложи Мило Ѓукановиќ за кандидат за претседател на партијата

Како што се наведува во соопштението на партијата, за потпретседателската позиција се кандидирале осуммина, од кои ќе бидат избрани четворица.

Имињата на кандидатите за потпретседатели се Иван Вуковиќ, Никола Ракочевиќ, Јевто Ераковиќ, Андрија Николиќ, Сања Дамјановиќ, Абаз Диздаревиќ, Гордана Рајовиќ и Мирсад Мулиќ, беше објавено по седницата на Претседателството на ДПС, што се одржа синоќа.