Регион 15. август 2020. / 20:30

Гигант од автомобилската индустрија гради фабрика во Словачка

Гигант од автомобилската индустрија гради фабрика во Словачка

Се очекува производителот на автомобили „Порше“ во Словачка да изгради нова фабрика за каросерии, објави словачкиот весник „Деник Н“, пренесува Ројтерс.

Се очекува дека 1.200 работници ќе добијат работа во новата фабрика. Порше веќе има една фабрика во Словачка, а во тек е изградба на центар за развој.

Словачка е водечки светски производител на автомобили по глава на жител, со 1,1 милиони автомобили произведени во 2019 година, пренесува SEEbiz.