Регион 14. ноември 2019. / 23:00

Германскиот пратеник Петер Бejер избран за известувач на Советот на Европа за Косово

Германскиот пратеник Петер Бejер избран за известувач на Советот на Европа за Косово

Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ)  го избра пратеникот во Бундестагот Питер Бejер за известувач за ситуацијата во Косово.

Во соопштението за медиумите за назначувањето на Бejер, Советот на Европа посочи дека Косово се споменува во целосна согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244 и без прејудицирање на статусот.


Бejер, известувач за Западен Балкан во германскиот парламент, на 3 септември во Приштина изјави дека Берлин се спротивставува на промена на границите како дел од дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и ги повика петте членки на ЕУ кои не го признаваат Косово тоа да го направат.

На крајот на април, пред состанокот на српските и косовските лидери во Берлин, Бejер предупреди дека европските перспективи на Србија и на Косово ќе бидат ставени ад акта доколку учесниците на таа средба не покажат силна волја за напредок во процесот за нормализација на односите.