Регион 07. јуни 2019. / 11:32

Германски новинар: Во Албанија има магацини со дрога

Германски новинар: Во Албанија има магацини со дрога

Новинар на германскиот весник „Билд“, тврди дека во Круја, Албанија, има магацини со дрога и тие се контролираат од градоначалникот и други лица.

На прашањето од каде го знае тоа, новинарот Питер Тиеде, во гостување на албанската ТВ „News 24” изјави дека дознал преку истражувања.

Доколку одиш од Тирана кон Круја, има магацини со дрога. Тие се големи сали со дрога. Сум бил и самиот. Откако ќе ги видиш магацините со дрога, после две минути доаѓа некој со возило и прашува што правите. Тоа е соседот кој го чува магацинот со дрога, објаснил германскиот новинар пренесува BalkanWeb.