Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште, па така во книгата „Фалсификување на човечката историја” сосема отворено тврди дека сите „грчки” автори се всушност западноевропејци кои ги фалсификувале „изворите” во периодот меѓу 11 и 12-ти век.
Според проф. д-р Анатолиј Тимофеевич Фоменко, математичар од Московскиот универзитет и член на руската академија на науки, античка Грција е смислена од ренесансните писатели и уметници, а потоа нивните фантазии се претворени во „историски факти” врз кои се базира целокупната западноевропска цивилизација. Грчкиот претседател, пак, Прокопис Павлопулос од Каламата, иако не е историчар, насекаде и постојано тврди дека „грчкиот карактер на Македонија е неоспорлив и за него не се преговара”, односно „денот на прославата на светиот спомен на заштитникот на Солун, Свети Димитрија, е годишнина на славниот пат на Солун, од една страна, за историјата на нацијата и православието, и второ, за неговата улога како буден чувар за грчкиот карактер на нашата Македонија кој е неоспорлив и за кој не се преговара”.
Претходно, во Воден истиот „стручњак” самоуверено изјави дека „Македонија била и ќе остане грчка”, а од Солун дополнително порача дека неговата држава ќе направи се „за да го одбрани грчкиот карактер на Македонија”.
Паралелно со „изградбата на грчка свест на населението” кон крајот на 1833 и почетокот на 1834 година, кралскиот протекторат почнал да ги акредитира своите први дипломатски претставници. Притоа, од бараните деветнаесет конзулски и вицеконзулски места, Портата во Стамбол дала дозвола само за седум. Со оваа дозвола, Грција почнала да ги испраќа своите први конзули во османлиската држава, па така на 6 декември 1834 пристигнал и првиот грчки конзул во Солун, а со тоа и официјално почнува дејствувањето на грчката дипломатија на територијата на Македонија, односно доаѓа до некаква грчка присутност во Македонија. Конзулот Валијанос бил назначен од својата влада за прв грчки конзул во Македонија со седиште во Солун. Оттука почнува засиленото измислување на историјата смислена во кабинетите на западните историчари во служба на новата таканаречена западно-европска цивилизација.