Регион

Генералот кој ги предводеше силите на Алијансата во 1999 година во посета на Косово

Генералот кој ги предводеше силите на Алијансата во 1999 година во посета на Косово

Поранешниот врховен командант на НАТО во Европа, генерал Весли Кларк, утре ќе го посети Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Кларк, кој во 1999 година ги предводеше силите на Алијансата во 78-дневната воздушна кампања против режимот на српскиот лидер Слободан Милошевиќ, односно против српските воени и паравоени сили, ќе биде гостин на гала вечерата за собирање фондови насловена „Поддржи ја наредната приказна на успехот“.

Манифестацијата е во организација на невладиниот Рочестерски институт за технологија (РИТ), односно на Американскиот Универзитет на Косово (АУК).

Собраните средства, како што соопштија организаторите, ќе се наменат за стипендирање на талентирани и непривилегирани студенти.

Генералот Кларк се пензионира со четири ѕвезди по 38 години служба во војската на САД. Како командант на НАТО во времето на косовскиот конфлкикт, тој од косовските Албанци се смета за херој и еден од најзаслужните за ослободувањето и подоцна осамостојувањето на Косово