Регион 07. февруари 2020. / 13:04

Геј паровите во Хрватска ќе може да посвојуваат деца

Геј паровите во Хрватска ќе може да посвојуваат деца

Според денеска објавената одлука на хрватскиот Уставен суд во оваа држава во иднина и геј паровите ќе имаат право да посвојуваат деца.

Ваквиот заклучок Уставниот суд го донел разгледувајќи ги предлозите за оценката на уставноста на три члена од Законот за посвојување, за кои неколку партии, здруженија и поединци тврдеа дека со нив се дискриминираат партнерите од ист пол.

Како што пренесува загребската Н1ТВ, Уставниот суд не ги укина оспорените членови на споменатиот Закон, но истакна дека „судовите и другите надлежни тела кои решаваат поедини случаи непосредно одлучуваат за правилата и обврските на граѓаните должни да ги толкуваат и применуваат законите во склад со нивната смисла и легитимни цели и дека одуките ги донесуваат на основ на Устав, закон, меѓународни договори и други извори на права“.

– Во конкретниот случај тоа значи дека оспорените законски одредби должни да го толкуваат и применуваат на начин кој на сите лица под еднакви услови ќе овозможи посвојување, независно од тоа дали потенцијалниот вдомувач живее во заедница со животен или неформално животно партнерство, заклучува Уставниот суд.