Заменик министерот за надворешни работи на Гана, Чарлс Овиреду, потврди дека неговата земја веќе не го признава Косово како независна држава.
Овиреду наведе дека за повлекувањето на признавањето на Косово со писмо официјално е известена и Србија.
– Владата на Гана одлучи веќе да не го признава Косово како независна држава. Одлуката за признавањето на Косово од 2012 година сигурно била донесена со желба за мир и хармонија. Таа одлука денес, сепак, се смета за избрзана и за прекршување на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност. Според оваа резолуција, Косово се наоѓа под меѓународен протекторат и се смета за дел од Сојузна Република Југославија, чиј правен наследник е Србија. – изјави Овиреду о бразложувајќи ја одлуката – пренесе РТС.
Министерството за надворешни работи на Србија ја поздрави „важната одлука“ на Гана, која стана 16 држава што го повлекува признавањето на Косово.
Косовски официјални претставници вчера демантираа дека Гана го повлекла признавњето на нивната држава.