Автобусот на Црвена ѕвезда кој ги превезувал фудбалерите од стадионот „Рајко Митиќ“ до храмот Света Сава во Белград, се запалил кај Автокоманда.
Фудбалерите излегле од автобусот кој горел и за среќа нема повредени.
Пожарникарите брзо интервенирале, а во отворениот туристички автобус, по патот, фудбалерите цело време држеле запалени бакли.