Нападите со хемиско оружје не смеат да поминат неказнето. Вака сметаат експертите во Македонија коментирајќи го ракетниот напад против Сирија. Професорот Љубомир Фрчкоски за Алсат вели дека отсега натаму се ќе зависи од чекорот што ќе го преземе Русија, бидејќи според него, операцијата видно ги зголемила тензиите меѓу Москва и Вашингтон.
Сепак, Фрчковски е уверен дека конфликтот нема да добие глобални размери и дека нема да се отслика негативно на балканскиот регион, имајќи го предвид слабото влијание на Русија во овој дел.