Неколку лица се уапсени, а тројца полицајци и повеќе граѓани се повредени во синоќешните немири во главниот град на Црна Гора, Подгорица.
Во населбата Златица, група жители се обиделе насилно да ги спречат комуналните служни да го варосаат ѕидот кој дотогаш бил во боите на српското знаме. За смирување на нередите полицијата употребила бибер спреј и солзавец.
Полицијата претходно издала наредби на насобраните да се разотидат, по што граѓаните формирале „жив ѕид“ околу муралот.
Кога комуналните полицајци, опкружени со службеници од Управата на полицијата, по инцидентот почнале да ја санираат јавната површина, се случија нови немири во кои граѓаните започнаа да користат пиротехника и да ја гаѓаат полицијата со камења, кои одговорија со солзавец.
Граѓаните почнале да си заминуваат по повторениот полициски апел, а муралот бил бојадисан.