Претседателот на Србија, Александар Вучиќ за време на својата посета на Њујорк, ручал во еден од најелитните ресторани каде потрошил голема сума на пари.
Народна странка на својот Фејсбук профил објави дека претседателот за еден оброк потрошил 6 илјади долари (5.201 евра).
За време на последната посета во Њујорк, претседателот Александар Вучуиќ, со соработниците ручаше во еден од најскапите ресторани на Менхетен „Nusr-Et Steakhouse”. Сметката, порадито вино „Pingus” кое го пиеле, била околу шест илјади долари. Му благодариме на симпатизерот на Народна странка од Њујорк кој оваа информација ја сподели со нас“, е наведено на објавата на Народна странка на Фејсбук.
Оваа фотографија на својот профил ја споделил и Вук Јеремиќ, српски политичар и поранешен министер за надворешни работи на Србија.