Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се најде во необично опкружување, во кујната на Претседателството каде се приготвуаше сарма.
Вучиќ на мрежата Инстаграм објави фотографија од кујната, од која може да се забележи, според приложеното, дека тој им помага на куварите во приготвувањето на овој традиционален специјалитет.
– Во пауза меѓу состанокот со европските претставници и мојот тим за унапредување на животната средина им помогнав на вработените во кујната на претседателството и уживав во мирисот на сармата која се приготвува за понеделник, напиша Вучиќ под фотографијата.