Регион 22. октомври 2019. / 20:25

(ФОТО) „Убиј го Србинот и извади му ги органите“ – Националистички графит го згрози Задар

(ФОТО) „Убиј го Србинот и извади му ги органите“ – Националистички графит го згрози Задар

Во хрватскиот град Задар се појави графит на кој се повикува на колење Срби и ранење на уличните мачки со нивните внатрешни органи.

– Откако Задар во последните 365 дена е топ тема на локалните, националните, а од денеска и светските медиуми поради насислтвото, расизмот и национализмот, за срам на сите нас некој го напишал можеби најдегутантниот графит на сите времиња. „Заколи го Србинот и извади му ги органите затоа што мачките во квартот се гласдни“ стои напишано на ѕидот од една зграда веќе неколку денови – објави поратлот „Задар њуз.

Од порталот потсетуваат дека во градот, но и во други делови од Хрватска, графитите на кои се испишани пораки со омраза не се реткост и притоа ги повикуваат градските власти да го отстранат пораката крај која секојдневно минуваат и деца што одат кон училиште.