Регион 09. декември 2019. / 23:02

(ФОТО) Се отвори дупка среде улица во Загреб, автомобил падна во неа, возачот заврши во болница

(ФОТО) Се отвори дупка среде улица во Загреб, автомобил падна во неа, возачот заврши во болница

Среде улица во Загреб се создаде дупка со длабочина од 1,6 до 1,8 метри и широчина од 2,5 до 3,5 метри по што еден автомобил пропадна во кратерот.

Како што јавуваат хрватските медиуми, возачот на автомобилот бил потешко повреден и итно бил пренеен во болница.

Чучерската улица, каде што се случила несреќата, веднаш била затворена за сообраќај, а на терен излегле голем број стручни служби на разни институции, меѓу кои и од противпожарната единица, полицијата, загребскиот водовод и канализација, од гасоводот, одделението за итни ситуации и други.

Затворањето на улицата предизвикало проблеми и интензивно згуснат сообраќај во целиот град, особено ако се земе предвид и дождт што предизвикува дополнителни сообраќајни потешкотии.