Споменикот „Победник“ кој стои на Белградската тврдина денеска ќе биде отстранет од постаментот на кој стои од 1928 година и преместен во атељето на вајарот Зоран Кузмановиќ на реставрација.
Бидејќи станува збор за многу сложен процес, Горниот град на Белградската тврдина од синоќа е затворен се до денеска до 13 часот.
Сите заинтересирани граѓани ќе имаат прилика целата акција да ја следат преку директен пренос на Фејсбук, на страницата на Заводот за заштита на спомениците , а потоа од 13 до 15 часот, во живо да го видат изложениот „Победник“ на Цариградскиот друм на Белградската тврдина.
За време на вчерашниот ден, изградено е скеле високо речиси 20 метри, од каде работниците поставуваа сајли, а споменикот е детално скениран и прегледан, а на терен беа повеќе од 50 вработени кои имаа најразлични задачи.
Со деталното 3Д скенирање на споменикот се воочени дури 30 дупки од куршуми, соопштија од Заводот за заштита на спомениците на својот официјален Твитер профил.
Iako prolaznicima koje gleda sa visine od 17 metara deluje nedodirljivo, Pobednik na sebi nosi tragove burne istorije čiji je svedok bio- čak 30 rupa od metaka je uočeno tokom 3D skeniranja našeg junaka #pobednik pic.twitter.com/Jz3JH1seBq
— Pobednik (@PobednikSK) 2 October 2019
– Иако на минувачите кои го гледаат од висина од 17 метри им делува недопирлив, Победникот на себе носи траги од бурната историја кој е сведок на дури 30 дупки од куршуми кои се воочени за време на 3Д скенирањето на нашиот јунак, наведуваат од заводот.
За да се изврши санацијата, која е клучна за стабилноста на споменикот, скулптурата мора да се демонтира и да се замена сите оштетени носечки делови од конструкцијата, наведуваат стручњаците.
Со текот на времето споменикот сериозно се накривил во однос на вертикалата. Накривувањето кое изнесува дури 30цм бараше итна санација на темелот.
Споменикот на Победникот е поставен 1928 година во Горниот град на Белградската тврдина по повод прослава на десетгодишнината од пробивањето на Солунскиот фронт.