Регион 02. февруари 2019. / 17:45

(ФОТО) На Тодориќ не му е лесно: Беше најбогат на Балканот, а сега живее од милост

(ФОТО) На Тодориќ не му е лесно: Беше најбогат на Балканот, а сега живее од милост

Еден од поранешните најбогати бизнисмени на Балканот, поранешниот сопственик на Агрокор, Ивица Тодориќ открива како е да се живее само од помошта на пријателите.

Тодориќ во своето прво интервју по излегувањето од притвор со милионска кауција, вели дека Агрокор во Хрватска го уништила политиката, а не економската состојба.

На прашањето за животот по бегството во Лондон и враќањето во затвор во Хрватска, тој вели : „Не ми е лесно. Зависам од помошта на пријателите.”

Токму пријателите му собрале пари за кауција од милион евра, а вели дека има трошоци со кои не е лесно да живее.

Тој и сега живее на раскошниот имот во близина на Загреб од 55.000 квадратни метри, но тврди дека просторот го делат четири семејства.

-Ова е мојата единствена недвижност. Мојот дел во неа вреди шест милиони евра. Не велам дека тоа не е многу, но бев најбогат човек во регион каде што живеат 200 милиони луѓе. – вели Тодориќ.