Регион 31. јануари 2021. / 22:52

(ФОТО) Македонците во Албанија го прославија празникот Св. Атанасиј Велики

(ФОТО) Македонците во Албанија го прославија празникот Св. Атанасиј Велики

Македонците во Пустец, Мала Преспа, го одбележаа празникот Св. Атанасиј Велики, на голем број семејства овој ден им е домашна слава. Во црквата, која се наоѓа во село Пустец, утринската свечена богослужба ја отслужи свештенкот Алексо Темелко.

Со Македонците беше и Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и пратеник во албанскиот парламент.

– Редовно сум тука со моите Македонци за овој голем празник. За многу години празникот Св.Атанасиј Велики”. Посакувам здравје и среќа на сите а се трудам во рамки на моите можности да се смени нешто на подобро во областа, вели Стерјовски.