За време на позетата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на Србија, тој и неговиот домаќин, шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ си разменија подароци.
Веднаш по слетувањето на рускиот авион на белградскиот аеродорм, рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан-Карченко, на министерот Дачиќ му даде микрофон како подарок од високиот руски дипломат. На микрофонот има плочка со посвета на која е изгравирано „Ивица Дачиќ“.
Во Белград, Лавров се сретна и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа имаше и официјален состанок со Дачиќ, по што следуваше и прес-конференција на двјцата шефови на дипломатијата на Србија и Русија. По изјавите, Дачиќ му возврати на својот руски колега со свој подарок.
Бидејќи мојот колега, брат и пријател Сергеј Лавров е музикален како и јас, подготвив подарок за него – изјави Дачиќ, давајќи му на Лавров акустична гитара.
Како што соопштија од Кабинетото на Дачиќ, гитарата била наменета за 70. роденден на на Лaвров, на 21 март, но поради пандемијата, испораката беше одложувана се до денеска.