Само што беше поставен, новиот споменик на Александар Македонски во Атина е вандализиран, објави денес грчкиот весник „Ефимерида“. Споменикот се наоѓа во центарот на главниот град на Грција.
Споменикот, кој две децении беше чуван во вајарското депо за конечно пред две недели да биде поставен, е испишан со пароли на неговиот постамент, а весникот со чудење прашува како тоа се случило кога деноноќно полициска патрола е стационирана на само неколку метри од него.
На натписот стои дека Александар бил крвник, кој колел луѓе и оти Ѕвездата од Вергина греела хомосексуалец.
Фото: Eфимерида