Регион 28. октомври 2019. / 13:34

(ФОТО) Графит во Сплит повикува на „правење паприкаш од Срби“

(ФОТО) Графит во Сплит повикува на „правење паприкаш од Срби“

Нов графит со говор на омраза кон Србите се појави во центарот на Сплит.

– На пролет кога цветаат врби, ќе правиме паприкаш од Срби – напиша авторот на графитот на еден бел ѕид.

Како што објави хрватски „индекс“, графитот бил напишан во Личка улица.

Ова е последниот од серијата гафити ширум Хрватска на коишто се изразува омраза кон Србите или се повикува на насилство против нив.

Пред некоја недела во Задар се појави графит со пораката „Заколи го Србинот и извадиму ги органите“.