На интернет кружат снимките на млад човек како целосно гол трча низ улиците на Сплит, кон самиот центар на градот. Видеата од снимките кружат на социјалните мрежи, а тие покажуваат како голиот тркач подоцна се упатил кон Бачвице и Фирула, пишува „Јутарњи.хр“.
Исто така, од снимката јасно се гледа и дека младиот човек преминал завидна релација, бидејќи во едно видео бил фатен во близина на Општината, а во другите во делот помеѓу Бачвице и Фирула.
Тој бил фатен и од полицијата.
Полициските службеници веднаш излегоа на терен и го фатија човекот на улицата Пут Фирула. Тој беше однесен во болница, а откако ќе биде прегледан, ќе биде утврдено дали има елементи за кривично или прекршочно дело – соопштила сплитско-далматинската полиција за „Далмација данас“.