Регион 21. ноември 2018. / 13:46

ВИДЕО: Црна Гора под вода, поплавени објекти и паднати дрва

ВИДЕО: Црна Гора под вода, поплавени објекти и паднати дрва

Невремето кое ја зафати Црна Гора предизвика проблеми за мештаните во бројни населби и градови.

Дождот предизвика изливање на канали и одводи на сообраќајни и јавни површини, а водата продрела во повеќе објекти.


Од полноќ наврнало 85 литри по метар квадратен.

Ветерот соборил стебла на повеќе места.

На терен се екипите од Службата за заштита и спасување, Комунално станбено претприемништво и Чистота и помагаат при санирање на последиците од невремето.