Предлогот за почеток на меѓуинситуционални преговори за укинување на визите за граѓаните на Косово го поддржале 420 европратеници , 186 биле против , а 22 биле воздржани , соопштија од ЕП.
Одборот на Европскиот парламент за граѓански слободи , правосудство и внатрешни работи во септември 2016 го прифати укинувањето на визите доколку Косови ги исполни условите , посебно ратификација на договорот за границата со Црна Гора.
Тоа беше еден од 95- те барања поставени во дијалогот за либерализација на визниот режим со ЕУ што почна во 2012 .
Европската Комисија летово потврди дека Косово сега ги исполнува сите услови меѓу кои и ,,борба против организираниот криминал и корупцијата”.