Регион 26. мај 2019. / 21:13

Европски избори: Десницата во предност и во Хрватска

Европски избори: Десницата во предност и во Хрватска

Десничарската ХДЗ победи на европските избори во Хрватска, велат проекциите на Еуроактив.

Според нив ХДЗ освои 5 мандати. Зад неа веднаш е СДП со 3 освоени пратенички места за Европскиот парламент. По едно место освоија Живи ѕид, Колакушиќ, Ам.Коалиција и Хрватските суверенисти.

Освен во Хрватска, десницата е во водство во Франција, Италија, Словенија, Грција, а издвојува убедлива победа во Унгарија.