Регион 26. март 2020. / 18:00

Европската комисија: Косово е во тешка политичка ситуација

Европската комисија: Косово е во тешка политичка ситуација

Европската унија денес процени дека гласањето за доверба на косовската Влада го ставило Косово во тешка политичка ситуација во моментот на невидена криза предизвикана од избувнувањето на вирусот корона.

-На Косово и е потребна стабилност и насочување на сите напори за борба против корона вирусната криза и заштита на здравјето на луѓето, вели портпаролката на Европската комисија, Ана Писонро.

Таа во изјава за гласањето недоверба рече дека сите политички лидери на Косово мора да дејствуваат одговорно и во интерес на народот на Косово во оваа ситуација.

-Ова вклучува преземање на сите неопходни мерки за управување со пандемијата и нејзиното влијание врз животот на луѓето, општеството и економијата, рече портпаролката на Комисијата.

Европската комисија забележува дека чекорите што следуваат по вчерашното гласање во косовскиот парламент мора да бидат во согласност со уставот на Косово.

Мнозинство гласови во косовскиот парламент изгласа недоверба на владата на Албин Курти, кој од денеска и официјално ќе дејствува како вршител должност премиер.

Вчера вечер гласаа 82 пратеници за падот на владата на Курти, 32 против и два воздржани.