Регион 13. февруари 2020. / 12:02

Европската комисија ја укори Хрватска за неисполнување на своите обврски

Европската комисија ја укори Хрватска за неисполнување на своите обврски

Европската комисија упати официјална опомена за Хрватска и повика да ги исполни своите обврски во известувањето за целите за зголемување на енергетската ефикасност, што земјата беше должна да го направи до 30 април минатата година, известува агенцијата Хина.

– Европската комисија одлучи денеска да започне постапка против Хрватска со испраќање на опомена заради неисполнувањето на обврските околу извештајот за напредокот во остварувањето на националните цели за зголемување на енергетската ефикасност, објави ЕК.

Хрватска се уште не поднела годишен извештај за напредокот во 2019 година како што наложува Директивата за енергетска ефикасност, за кој рокот беше 30 април минатата година, прецизира хрватската новинска агенција. Додаваат дека без тој извештај, Европската комисија не може да го процени напредокот во одделни држави членки, како ни напредокот на ЕУ во целост и остварување на целите за зголемување на енергетската ефикасност во 2020 година.

Хрватска има рок од два месеци да одговори на ЕК, а во спротивно Комисијата може да одлучи да и испрати образложено мислење.

Европската комисија една во месецот објавува пакет одлуки за повредата на правата на ЕУ, во кои презема правни работи против државата членка која не се придржува кон обврските во склад со правото во ЕУ.

Прв чекот во постапката е испраќање службена опомена. Ако опомената не вроди со посакуваниот резултат, Комисијата го презема следниот чекор и испраќа образложено мислење, а третиот чекот е испраќање на предметите во Европскиот суд, чии одлуки се обврзувачки, се објаснува во информацијата.