Регион 20. јануари 2020. / 11:18

Еве кои се најголемите инвеститори во Црна Гора

Еве кои се најголемите инвеститори во Црна Гора

Според податоците на Централна Банка на Црна Гора (ЦБЦГ) во земјата минатата година вложувале странски инвеститори од околу 60 држави. Најголем прилив бил од Азербејџан, Русија и Унгарија.

Но, не се открива цифрата на инвестиции од Азербејџан, бидејќи се работи за деловна тајна. Со азербејеџански капитал е изграден рисортот Портонови Азмонт во Кумбор, еден од најпрестижните проекти од резиденцијален тип во овој дел од Европа, што чинеше околу една милијарда евра, а беше отворен на 31 јули минатата година.

На второ место по вложувања се инвеститорите од Русија со 58,2 милиони, а на трето Унгарија со 54,2 милиони евра.

Следат Обединети Арапски Емирати со 35,4 милиони, Девствени Острови – 34,9 милиони. Швајцарија – 33,1 милиони евра, Босна и Херцеговина – 33,1 милиони, Германија – 31,6 милиони, Холандија – 30,7 милиони и Турција со 25,9 милиони евра.