Регион 27. септември 2018. / 13:04

Евакуирани се над 35 луѓе поради пожари во Далмација и Црна Гора

Евакуирани се над 35 луѓе поради пожари во Далмација и Црна Гора

Два ер трактори и два канадери од утрово гаснат пожар кај Метковиќ, а уште еден канадер ќе биде испратен на пожарот кај Дубровник, соопшти хрватското министерство за одбрана. И во околината на Подгорица ноќеска се гаснети најмалку 15 шумски пожари.

Силното невреме синоќа повторно го разгоре пожарот во близина на Мокала кај Оребиќ, поради што 35 луѓе се превентивно евакуирани во приватни куќи, а според последните информации од терен, куќите се безбенди и ситуацијата е ставена под контрола, соопшти хрватската Државна управа за заштита и спасување.

Потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Дамир Крстевиќ, вчера ги посети подрачјата зафатени од пожарите кај Оребиќ на полуостровот Пељешац и Кулата Норинск кај Метковиќ.

Во меѓувреме, се уште е активен пожарот кај Подгорица, во местото Близна, а пожарникарите успеале да ги одбранат објектите, изјави Ранко Рацковиќ од Службата за заштита и спасување на Подгорица.