Регион 19. август 2019. / 19:46

ЕУ ќе издвои нови 10 милиони евра за БиХ за формирање дополнителни центри за мигранти

ЕУ ќе издвои нови 10 милиони евра за БиХ за формирање дополнителни центри за мигранти

Европската комисија денеска донесе одлука да издвои 10 милиони евра дополнителни средства за поддршка на Босна и Херцеговина во решавање на проблемите поради зголемениот број мигранти и бегалци.

Со тоа, вкупното финансирање на ЕУ за миграцискиот проблем во БиХ од почетокот на 2018 година е 34 милиони евра. Фондовите на ЕУ во најголем дел ќе се користат за формирање дополнителни центри за привремен прием и обезбедување на основни услуги и заштита, вклучително и храна и сместување, како и пристап до санитарни услови и хигиена.

Според официјални податоци, во БиХ од јануари 2018 година влегле речиси 36.000 бегалци и мигранти.