Регион 29. декември 2020. / 14:33

ЕУ и понуди помош на Хрватска по земјотресот

ЕУ и понуди помош на Хрватска по земјотресот

Европската унија понуди целосна поддршка и помош на граѓаните и властите на Хрватска по информацијата за новиот силен земјотрес што ја погоди денеска.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на својот профил на Твитер истакна дека ЕУ внимателно ја следи ситуацијата во Загреб по разорниот земјотрес.

-Нашите мисли се со повредените и оние кои се во првите редови на одбраната, напиша Мишел во име на ЕУ.

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди денеска Хрватска, кој беше почувствуван во целиот регион. Во земјотресот предизвикана е огромна материјална штета, а „Јутарњи лист“ јави дека во Петриња загина едно дете.