Канцеларијата на Европската Унија во Косово го поздрави вчерашното конституирање на новото косовско Собрание и изборот на собраниското раководство, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во денешното соопштение на канцеларијата на ЕУ се бара што поскоро формирање на новата влада, со цел, како што се наведува, да му се овозможи на Косово да напредува во економскиот развој.
– Го поздравуваме конституирањето на Собранието на Косово и им честитаме на новиот претседател и новоизбраното претседателство. Очекуваме брзо формирање на владата, што би му овозможила на Косово да напредува во економскиот и општествениот развој, во владеењето на правото и во неговата европска агенда. Со нетрпение очекуваме да работиме заедно со новите власти на овие заеднички објективи – соопшти канцеларијата на ЕУ во Приштина.