Регион 20. септември 2019. / 20:40

ЕУ го одложува проширувањето со земјите од Западен Балкан поради албанската мафија

ЕУ го одложува проширувањето со земјите од Западен Балкан поради албанската мафија

Еден од главните причини што ЕУ го одложува проширувањето со земјите од Западен Балкан е албанската мафија која е расширена низ Европа, Република.рс.

Како што пренесува „Република.рс“, ЕУ сега и не размислува за проширување во ситуација кога целиот пазар со дрога и човечки органи е контролиран од страна на албанската мафија, смета Џон Номикос, директор на истражувачкиот институт за европски и американски студии.

Експертите предупредуваат дека во Европа владеат пет албански кланови. Кај нив дисциплината е на прво место, потоа бесата односно дадениот збор и крвната освета.

Кланот Рудај се бави со шверц на оружје дрога, азиланти, како и фалсификувана стока. На второ место се Кула, Абази, Боричи и Брокај кои се четири кланови поврзани меѓу себе.Тие „работат“ воглавно во Италија со шверц на оружје и проституција.

Кланот Османи најмногу е застапен на Косово, Црна Гора, Грција, Турција и во Македонија.Го сочинуваат неколку браќа кои си ги имаат поделено ресорите.

Ќељменди

Водач е Насер Кељменди кој е осуден на шест години затвор на Косово. Овој клан се занимава со трговија на хероин и кокаин кој го транспортираат низ Европа.

Лушња

Главно работат во Турција а водачот Алдо Баре служи доживотен затвор. Се занимаваат воглавно со нарачани убиства и кидналирања.

Красничи

Го предводат браќата Бруно и Самир Красничи и работат главно во САД.Нивна специјалност се убиства, кражби киднапирања и изнуда.