Патот на Србија во Европската Унија е неповратен, истакна шефот на делегацијата на ЕУ во Белград, амбасадорот Сем Фабрици. Тој истакна дека прашањето на влезот на Србија во Унијата не почнува со „Дали“ туку со „Кога“, но дека правно обврзувачкиот договор со Приштина не значи „автоматско членство“.
Објаснувајќи го ставот за неповратноста на приклучувањето во ЕУ, и покрај двосмислените тонови на одделни претставници на српската власт, Фабрици во рамки на серијалот разговори Квака 23, недвосмислено одговори дека „тој процес е неповратен“.
Тој одговори дека „тоа не е прашање на неговата доверба, туку дека за тоа зборуваат резултатите“ и потсети дека „две третини од странските инвестиции во Србија дошле од ЕУ“.
Истовремено, „две третини од српскиот извоз одат во Европа, луѓе патуваат насекаде низ Европа, и тоа е она што зборува за неповратноста на процесот“, прецизираше Фабрици и додаде дека процесот на европското придружување води „низ стопанско, законодавно и институционално усогласување“