Регион 10. јули 2019. / 12:36

Ердоган упати критики за политиката на ЕУ кон Западен Балкан

Ердоган упати критики за политиката на ЕУ кон Западен Балкан

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, говорејќи на економски самит на земјите од Југоисточна Европа во Јахорина, Босна и Херцеговина, изјави дека одлуките на Европската унија во врска со членството на Северна Македонија и Албанија во Унијата ќе влијаат врз иднината на регионот.

Неодамна видовме дека некои кусогледи популистички кругови ја блокираа политиката за проширување на ЕУ. Негативните трендови кон поделби и дискриминација се раширија низ континентот и го загрозуваат не само внатрешниот мир во ЕУ… туку и надежта и потенцијалот на балканскиот регион, рече Ердоган.