Регион 14. ноември 2019. / 09:56

Ердоган: Турција може да врати милион бегалци во Сирија

Ердоган: Турција може да врати милион бегалци во Сирија
epaselect epa06387396 Turkish President Recep Tayyip Erdogan speaks at a press conference after the extraordinary summit of the Organisation of Islamic Cooperation (OIC) in Istanbul, Turkey, 13 December 2017. Leaders of OIC gather in Istanbul after US president Donald J. Trump on 06 December announced he is recognising Jerusalem as the Israel capital and will relocate the US embassy from Tel Aviv to Jerusalem. EPA/SEDAT SUNA

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција за шест месеци до две години би можела да врати околу милион сириски бегалци од нивната земја во безбедната зона воспоставена во северниот дел на Сирија.

На 9 октомври Ердоган ја почна воената офанзива во северниот дел на Сирија, наречена “Извор на мирот“, со намера да го исчиси теренот од курдските борци, кои ја имаат поддршката од САД, а кои Анкара ги гледа како закана за својата безбедност, јавуваат американските медиуми.

Турската Влада, исто така, се надева дека ќе рассели околу два милиона од вкупно 3,6 милиони сириски бегалци од војната во нивната земја.

Ердоган, кој се наоѓа во официјална посета на САД, изјави дека се надева дека ќе привлече помош од меѓународните донатори. Тој наведе дека милион бегалци можат да се вратат во градовите како што се Рака и Деир ел-Зор, најголемиот град на истокот од Сирија.

Ердоган во Вашингтон вчера се сретна со претседателот Доналд Трамп.