Регион 24. декември 2019. / 21:11

Ердоган телефонски разговарал со премиерот на Велика Британија, Џонсон

Ердоган телефонски разговарал со премиерот на Велика Британија, Џонсон

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, јави агенцијата Анадолија.

Кабинетот за комуникации на Претседателството на Република Турција соопшти дека Ердоган и Џонсон, меѓу другото, разговарале и за актуелните случувања во врска со Сирија и Либија.

Ердоган и Џонсон се осврнале и на билатералните односи меѓу двете земји, а станало збор и за други регионални теми.