Регион 20. септември 2020. / 19:00

Ердоган се сретна со косовскиот претседател Тачи

Ердоган се сретна со косовскиот претседател Тачи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска имаше средба со претседателот на Косово, Хашим Тачи, јави агенција Анадолија.

Ердоган и Тачи се состанаа на појадок во палатата „Вахдетин“ во Истанбул.

На средбата беше присутен и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, информира Анадолија.

Повеќе детали не се соопштени.